Пред една година Вардар го направи најголемиот пресврт во историјата на македонскиот спорт (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар на денешен ден пред една година го направија најголемиот пресврт во историјата на македонскиот спорт, кога во полуфиналето за завршниот турнир во Лигата на шампиони ја победија Барселона иако на полувремето имаа негатива од огромни седум голови разлика.

„Црвено-црните“ славеа со 29-27 и си го отворија патот до втората европска круна.