Писонеро си го зема Димитриоски во Валјадолид

Македонскиот ракометар Димитар Димитриоски се сели во Асобал-лигата и од следната сезона ќе го носи дресот на шпанскиот гигант Валјадолид.

Димитриоски може да игра како среден бек, но и на позицијата лево крило, па ќе биде добро засилување за Давид Писонеро, кој претходно го тренираше Вардар.

Младиот ракометар претходно играше за Металург, по што се пресели во Вардар каде што ја освои двојната круна пред да се пресели во Пелистер 2.

„Димитриоски е одличен ракометар и се запознав со него во Македонија. Сигурен сум дека добивме добро засилување, кое може да игра на две позиции, како среден бек и лево крило“, кажа Писонеро.