Пелистер, Загреб или екстра вајлд-карта се опциите за замена на Вардар во ЛШ!

Челниците на Европската ракометна федерација (ЕХФ) имаат два дена да решат како ќе го пополнат испразнетото место во Лигата на шампионите (ЛШ) по денешното официјализира на бркањето на Вардар поради долгови, а според шпанска „Марка“ во игра се три опции.

Првата е да му се понуди на вицешампионот Пелистер да ја пополни празнината од тимот кој минатата сезона ги преслуша во двете домашни натпреварувања, првенството и Купот на Македонија. Втората е да му се препушти местото на претставникот на Хрватска, тимот на ППД Загреб, како седмопласирана нација според рејтингот.

Последната и некако најизгледа, барем според Шпанците е местото на Вардар да не биде пополнето веднаш, туку да се „преточи“ во уште една вајлд-карта која ќе биде доделена на екипите што ќе аплицираат.