Пелистер со засилен состав ќе го нападне Кил (ФОТО)

Македонскиот ракометен шампион Пелистер денеска од 18.45 часот ќе се пресмета со германскиот првак Кил во рамки на групната фаза на Лигата на шампиони (ЛШ).

Составот на Пелистер ќе биде различен во однос на мечот против Алборг, односно се враќаат Богдан Радивојевиќ, Калифа Гедбан, Павле Атанасијевиќ, Руди Сери и Денис Васиљев во екипата, додека овој пат во конкуренција не се Ѓорѓоски, Нилсен, Кизиќ и Стевановиќ.

Мечот меѓу Пелистер и Кил се игра од 18.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Пелистер досега загуби два меча, и тоа од Колстад со 23-32 во Битола и од Алборг со 23-38 во Данска.