Пелистер се држеше 20 минути против Гумерсбах, па доживеа тежок пораз во Германија

Ракометарите на Пелистер го запишаа вториот пораз во Европската лига на ЕХФ, откако вечерва загубија на гостувањето кај Губерсбах со 28-38 во третото коло од елитното натпреварување.

Пелистер имаше добар почеток на натпреварот и водство од 3-2, но потоа германскиот тим направи пресврт (5-3). Битолчани даваа отпор сè до 20. минута, по што Гумерсбах направи исчекор кон победата и на паузата водеше со 20-15.

Поранешниот македонски шампион не успеа на стартот на вториот дел да го скрши отпорот на Гумерсбах, кој потоа влезе во одлична форма и почна да го полни голот на битолчани за на крајот да слави со 28-38.

Најефикасен кај Пелистер беше Филип Кузмановски со седум голови, додека Душебајев запиша девет голови за Гумерсбах.

На вториот меч од истата група, Вибжеже Гдањск и Ла Риоха одиграа нерешено (30-30).