Пелистер го одработи последниот тренинг пред денешниот дуел со Динамо (ФОТО)

Македонскиот првак Пелистер утринава тренираше во салата Поливалента пред претстојниот натпревар против Динамо Букурешт, во рамките на третото коло од Лигата на шампионите.

Битолчани во дуелот влегуваат без бод, од претпоследната позиција на табелата и се аутсајдери против тимот кој има максимален ефект по првите две кола. Пелистер на стартот загуби од ПСЖ и Фуксе, додека Динамо ги победи Фредерициа и Висла Плок, екипи кои, како и нашиот тим, се без бодови во досегашниот дел од сезоната во ЛШ.

Дуелот против Динамо (вечерва во 18:45 часот) за Пелистер доаѓа на два дена пред дербито од домашното првенство со Вардар во Скопје, но тренерот Ангеловски и играчите се едногласни дека нема да има калкулирање и дека ќе одат на победа.