Охрид ги дозна можните противници за осминафиналето од Европскиот куп!
На утрешната ждрепка Охрид ќе биде влечен од првиот шешир каде покрај македонскиот тим се уште и Карвина (Чешка), Олимпијакос (Грција), Рунар (Норвешка), Бузау (РОМ), Целје (Словенија), Тримо Требње (Словенија), Нилуфер (Турција).
Можни противници на Охрид ќе му бидат Извиѓач (БиХ), Конјух (БиХ), Дукла Прага (Чешка), Брно (Чешка), БК-46 (Финска), Балатонгуреди (Унгарија), МОЛ Татабања (Унгарија), Бешикташ (Турција).
Ждрепката е утре (25 ноември) со почеток од 11 часот.
Првите осминафинални натпревари се играат на 14/15 февруари, реваншите се седум дена подоцна.