Одлична вест за Вардар: Капитенот Стоилов се враќа во составот за Кил!

Проблемите со повреди полека, но сигурно привршуваат за Вардар и за неговиот тренер Давид Писонеро, а еден јасен сигнал за тоа е враќањето на капитенот Стојанче Стоилов во записникот за натпреварот со Кил, в сабота (17.30).

Точно кога ќе комплетира четири месеци рехабилитација од операцијата на коленото, во јуни, Стојанче Стоилов ќе се врати во екипата на Вардар. Спорт1 дознава дека капитенот на црвено-црните е подготвен барем да биде вброен меѓу 16-те кои ќе истрчаат против Кил в сабота, а колкав всушност ќе биде неговиот придонес на паркетот, тоа најдобро чувствува самиот тој.

Стоилов имаше опрерација на менискус, поради проблеми кои го мачеа подолг период. Го одигра гостинскиот меч против Турција од квалификациите за ЕП 2020 и веднаш утредента, на 13 јуни, направи операција. Се најавуваше дека, можеби, ќе се врати за почетокот на сезоната во ЛШ, но првите три кола ги пропушти целосно. 

За среќа, во тимот се врати Глеб Калараш, по кратката трансфер авантура во Мотор Запорожје, а бргу почнаа дасе вклопуваат и новите пивоти, Сергеј Горпишин и Домен Сикошек-Пелко. Стоилов имa огромно значење во играта на Вардар, без разлика колку минути активно ги минува на паркетот за време на еден натпревар. Писонеро посакува да го добие тој ефект и в сабота од 17.30, против првиот натпревар од кој зависи сезоната, како што рече и самиот.