Новинарите на ЕХФ го номинираа Тимур Дибиров за Олстар тимот во ЛШ

Откако тренерите ги номинираа Даинис Криштопанс и Дејан Милосављев за Олстар тимот на сезоната во ракометната Лига на шампиони, од денеска уште еден ракометар на Вардар е дел од оваа долга листа на играчи кои ќе конкурираат за идеалната постава. 

Тимур Дибиров доби номинација за најдобро лево крило и тоа по гласањето на на спортските новинари на ЕХФ. Според медумските работници, покрај Русинот во конкуренција за Олстар тимот ќе конкурираат и Гонзало Перез де Варгас од Барселона за најдобар голман, потоа Нико Ренберг од Рихимаен Кокс како лев бек, Барис Пукоски од Мотор за среден бек, Никола Турна од Нант на позицијата пикер, Дика Мем (Барселона) за најдобар десен бек и Златко Хорват (Загреб) за најдобро десно крило.

Новинарите го номинираа поранешниот „вардарец“, Хорхе Македа од Пик Сегед за најдобар дефанзивец, Валтер Кринц од Кристијанштад за најдобар млад играч и Чави Пасквал за најдобар тренер.

Ќе има уште две фази во номинациите за Олстар тимот. Следни своите фаворити ќе ги откријат луѓето од ЛШ и ЕХФ, а навивачите веќе од среда ќе можат да ги номинираат своите фаворити преку апликацијата за ЕФХ Ф4.