
Норвешка ѝ се одмазди на Србија
Норвежаните играа одлично од самиот старт на средбата и почнаа да го полнат голот на Србија, па така на полувремето заминаа со убедливи 17-12.
Нашиот северен сосед се обиде во вториот дел да ја намали негативата и тоа му успеа во првите минути кога намали на 15-19, но потоа Норвешка ја презема контролата и без мака славеше со 35-25.
Сандер Сагосен беше најдобар во победничкиот тим со 12 голови, додека Орбовиќ и Марсениќ постигнаа по четири за Србија.
Останати резултати:
Унгарија – Швајцарија 36-27
Словачка – Финска 32-25
Босна и Херцеговина – Косово – 25-18
Грција – Белгија – 26-24
Исланд – Чешка – 28-19