
Најталентираната македонска ракометарка потпиша за францускиот Брест
Младеновска го носи дресот на Металург во моментов, а досега има нстапувано и за кадетската, младинската и сениорската репрезентација на Македонија.
Најталентираната македонска ракометарка е петто засилување за францускиот клуб, кој претходно потпиша договори со Жулиет Фор, Валерија Маслова, Одри Дембеле и Шарлот Чолевова.
Ракометарките на Брест во моментов се на втората позиција во француската лига со 45 бодови, односно три помалку од лидерот Мец.