Начевски и Николов ќе судат африканска битка за место во втората фаза на СП
Начевски и Николов во првото коло ја делеа правдата на мечот меѓу Германија и Полска, а денеска од 18 часот ќе го судат мечот меѓу Тунис и Алжир.
Ова ќе биде директна битка меѓу двете африкански земји за продолжување на Светското првенство во втората фаза со оглед на тоа дека во првите две кола и двете селекции загубија од Данска и Италија.