Мораеш: Никој во Македонија не веруваше дека можеме до титулата

Рожерио Фереира Мораеш одигра уште еден перфектен натпревар за Вардар во финалето против Веспрем и тоа против неговиот иден работодавец. Бразилецот денеска немаше милост кон неговиот следен клуб и покажа дека е врвен професионалец. 

„Мислам дека никој во Македонија не веруваше во нас дека можеме до титулата. Имавме многу проблеми. Повеќе од 10 месеци не знаевме што ќе се случува. Работите беа тешки, но игравме без притсиок. Мислам дека тоа беше клучно во овој на успех, што игравме без притисок. Го направивме невозможното. Сите го дадовме максимумот  за Вардар, ние сме професионалци. Се надевам дека сите се задоволни. Радосни сме што му помогнавме на Вардар и освоивме нов трофеј во ЛШ“, вели Мораеш.