
Монпелје го потопи Кил во првото четвртфинале од ЛШ!
Кил беше благ фаворит и на денешниот натпревар во Франција, но Бундеслигашот доживеа вистински дебакл и ќе му треба чудо во реваншот за да ја надополни негативата од девет голови разлика.
Монпелје во првото полувреме создаде предност од четири разлика, на одморот се замина со резултат од 20-16, а во вториот дел таа предност беше зголемена до конечни 39-30.
Пелас и Лен со по седум гола беа најефикасни во составот на Монпелје, но херој беше голманот Десбоне со 16 одбрани. Јохансон постигна девет за Кил.