Младеновска дебитираше во ЛШ, Брест го надигра Савехов

Ракометарките на Брест Бретањ беа подобри од Савехов во 13. коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а на натпреварот дебитира македонската репрезентативка Ива Младеновска.

Тренерот на Брест реши на мечот против Савехов да им даде шанса на ракометарките кои немаа голема минутажа затоа што екипата веќе обезбеди пласман во следната фаза од ЛШ.

Младеновска имаше само еден удар кон голот на Савехов, но не се запиша во листата на стрелци.