Митревски пак е дел од топ-5 одбрани на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Македонскито репрезентативен чувар на мрежата, Никола Митревски повторно се најде во топ-5 листата на најдобри интервенции на колото во Лигата на шампиони (ЛШ), иако неговиот Порто немаше среќа против ПСЖ и загуби со убедливи 30-39.

Одбраната на Митревски се наоѓа на петтата позиција во изборот на ЕХФ, додека најдобра интервенција на колото беше на Роланд Миклер, кој одбрани една одлична контра на Вардар во триумфот на Пик Сегед од 30-27.