Митревски е најдобар голман во 2. коло од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски, доби признание за најдобар голман во второто коло од ракометната Лига на шампионите.

Неговата дваесетминутна партија на голот на Порто им донесе триумф на португалците во дуелот со Фленсбург и буквално беше најкорисен играч на натпреварот со шест одбрани и импресивен процент од 46 отсто успешност. Порто губеше со 17-19 кога Митревски застана меѓу стативите, резултатот достигна и три гола во корист на Фленсбург, но македонскиот голман влезе во елемент кога беше најпотребно, во завршите пет минути, кревајќи го тимот кон конечен пресврт.

Левото крило на Фленсбург, Хампус Ване, беше најдобар на својата позиција, Ерик Јохансон од Елверум прогласен е за најдобар лев бек, во херојскиот отпор на неговата екипа против Кил. Понатаму, а Петар Ненадиќ од Веспрем е плејмејкер на колото. И покрај тоа што Кевин Њокас постигна осум од осум за Вардар, сепак Алекс Душебаев (Кјелце) е најдобар десен бек, а идеалните седум ги дополнуваат Марио Шоштариќ (Пик Сегед) како десно крило и Седрик Сорендо (Динамо Букурешт) како пивот

Видеото со седуммината најдобри за ова коло, подготвен од ЕХФ, можете да го проследите на овој линк.