Митревски за триумф на Порто, ПСЖ го понижи новиот тим на бегалецот од Вардар!

Македонскиот репрезентативец голман, Никола Митревски, не доби голема минутажа во вечерашниот триумф на Порто над Фленсбург (28-27), но и покрај тоа беше херој во својот тим и еден од најзаслужните за големата победа.

Спектакуларниот чувар на мрежата доби шанса во финишот, кога противникот имаше водство со три гола, но за кратко време собра шест одбрани со кои иницира целосен резултатски пресврт, клучен за бодовите да останат во Португалија.

Победа оствари и томот на ПСЖ, кој на домашен терен го прегази Динамо Букурешт (41-30), новиот тим на „бегалецот“ од Вардар, Едуардо Гурбиндо. Французиот со тоа делумно се рехабилитираа за стартниот пораз во пресметката со Веспрем.