Миркуловски со два гола му помогна на Вецлар во борбата за Европската лига

Вецлар се искачи на шестата позиција во ракометната Суперлига, откако го совлада Нордхорн-Линген со 30-29, а македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски постигна два гола.

Екипата на Миркуловски одигра одлично прво полувреме, во кое имаше постојано водство, освен на стартот кога домаќинот израмни на 4-4, додека на паузата предноста за Вецлар беше 17-12.

До последните 20 минути Вецлар беше на безбедно водство од пет гола (28-23), но потоа домаќините постигнаа четири гола по ред и намалија на само еден разлика (27-28). Сепак, до крајот на мечот Вецлар не дозволи изненадување и славеше со 30-29.

Вецлар по 27 одиграни меча има 30 бодови на шестата позиција, додека Нордхорн-Линген е на 18. место и се бори за опстанок.