Манасков реагирај! Твојот Веспрем ја прекрсти твојата држава!

Веспрем денеска се избламира со најавата за дуелот со Вардар во Лигата на шампиони, што се игра утре во Унгарија. 

Според овој тим, Вардар е шампион на Јужна Македонија, а во него играат Јужномакедонци. Очигледно е дека во таборот на Веспрем има некоја забуна околу името на државава, но чудно е што еден клуб од таков калибар може да направи толку голем кикс.

Особено ако се знае дека во нивниот табор игра еден македонски репрезентативец по име Дејан Манасков. Ова нека биде апел до репрезентативното крило да им објасни на луѓето од неговиот клуб од која земја доаѓа и како се нарекуваат луѓето што живеат тука.