Македонија го смени името, а Веспрем ни даде ново (ФОТО)

Вардар во сабота му гостува на Веспрем во рамки на Лигата на шампионите во натпревар што ќе биде реприза на ланското финале во Келн. 

Унгарците сакаат одмазда против македонскиот и европскиот првак, но во најавата на натпреварот направија смешна грешка. Според Веспрем, Вардар е шампион на Јужна Македонија.

Нашата држава можеби го смени името, но очигледно луѓето од унгарскиот шампион не се доволно информирани за новото име на Македонија. Па наместо да напишат Северна Македонија, за нив сме Јужна Македонија.

На најавата на „Твитер“ прво е напишан јужномакедонскиот шампион Вардар, очигледно премногу е болно за нив да напишат европски шампион, а истата грешка потоа ја имаат и во текстот, кога наместо Македонци, пишуваат Јужномакедонци