Лазаров за „Л’Екип“: Четири години живеам прекрасна приказна со Нант

Македонскиот ракометар и селектор Кире Лазаров беше најдобар за Нант во поразот од Нант (27-29), откако постигна шест погодоци за францускиот тим.

Ова се очекува да биде последната сезона на Лазаров како ракометар, а во интервју со францускиот магазин „Л’Екип“ кажа дека потпишал нов договор зашто сакал да испише историја со Нант.

„Го продолжив договорот со Нант затоа што сакам да испишувам историја со клубот. Досега двапати игравме на Ф4-турнирот во Лига на шампиони, а сега ќе се бориме во француското првенство и Лига Европа. Четири години живеам една прекрасна приказна во Нант со овие прекрасни навивачи. Конкуренцијата во тимот е голема“, вели Лазаров.

Лазаров не сакаше минатата година да ја заврши кариерата затоа што сакаше да се збогува пред навивачи на трибините.