Кумановки го дознаа противникот во 3. коло во ЕХФ Купот

Ракометарките на Куманово во 3.коло од ЕХФ Купот ќе ги одмерат силите со украинскиот тим Галичанка Лвов. 

Ова ќе биде прв европски настап за нашиот тим сезонава, бидејќи ги прескокна претходни две рунди. Тимот од Лвов е голем предизвик за Кумановки, бидејќи се работи за еден од најдобрите украински тимови, кој зад себе има долга историја во европските натпреварувања.

Првиот натпревар ќе се одигра во Украина на 14 или 15 ноември, додека реваншот во Куманово ќе биде една недела подоцна. 

Вториот македонски претставник во ЕХФ Купот, Чаир беше елиминиран во второто коло од српскиот тим Наиса.