Кјелце со пресврт го реши Алборг, ПСЖ го наполни голот на Магдебург

Ракометарите на Кјелце го совладаа Алборг со 30-28 за втор триумф во групата Б во ракометната Лига на шампиони (ЛШ), додека францускиот гигант ПСЖ го прегази Магдебург со 29-22.

Магдебург го постигна првиот гол на мечот, по што почна серијата на ПСЖ и набрзо водството на гостите достигна 7-3, по што продолжи да расте до убедливи 18-10 на полувреме.

Домаќините не успеаа да одговорат соодветно на стартот на вториот дел, а тоа знаеше како да го казни ПСЖ, па водството достигна +10 (22-12) и тука беше јасно кој ќе ја грабне победата. Магдебург се обидуваше да го ублажи поразот, па стигна до седум гола негатива (22-29).

Соле и Сипжак постигнаа по пет гола за ПСЖ, додека на спротивната страна Вебер запиша пет погодоци.

Кјелце го доби дербито во Данска против Алборг со 30-28, иако во воведниот дел од првото полувреме Алборг имаше предност од 9-6, која полека се топеше како изминуваше времето.

Гостите на полувреме заминаа со водство од два гола (17-15), по што Алборг не најде начин како да ја анулира негативата и Кјелце на крајот заслужено ги освои бодовите (30-28), а најдобар во триумфот беше Морито со шест голови, додека на спротивната страна Бартолд погоди пет пати.