Кјелце пријави дека Вардар имал четири нови случаи на Ковид!

Само што врзаа неколку натпревари едноподруго, ракометарите на Вардар ќе мораат повторно во изолација. Иако клубот се уште ништо не вели на оваа тема, се огласија од Кјелце, велејќи дека во Вардар има четворица новозаразени со коронавирусот.

Кјелце ќе оди во карантин и ќе ги одложи своите претстојни натпревари, затоа што од Вардар ги известиле дека по нивниот меѓусебен натпревар во „Хала легионов“, на тимското тестирање се појавиле четворица новозаразени.

Кјелце ќе оди во изолација до 1 декември, што претставува една недела од мечот на 25 декември во Полска, па потоа по тестирањето ќе решат како ќе постапат. Од Вардар се чекаат постапките, од кои можеби ќе зависи одигрувањето на двата новозакажани дуела од ЛШ, на 1 декември во Париз против ПСЖ и на 4 декември на гости кај Порто.