Ќе се тресе „Јане Сандански“: Пик Сегед го чека пекол на 25 април – Вардар ги продаде сите билети!

Унгарскиот шампион Пик Сегед го очекува вистински пекол во спортскиот центар „Јане Сандански“ на 25 април годинава во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите во Скопје, зашто македонскиот шампион Вардар за неполн ден ги продаде сите влезници за мечот.

Вардарци ги продаваа билетите прво по приоритетната продажба за носителите на сезонски билети, а од вчера и во регуларна продажба и навивачите експресно ги разграбаа. Сега останува од таборот на црвено-црните да пуштат уште неколку стотини билети за стоење, што е најава дека вардарци ќе имаат страшна поддршка на патот кон третиот фајнлфор по ред, а Пик Сегед ќе се соочи во пеколна атмосфера.

Со ваквата продажба на билети, Вардар само уште еднаш покажа дека ја има најверната публика, која повторно до последно место ќе го наполни „Јане Сандански“, а од Дибиров, Карачиќ, Стоилов, Милосављев и осатанатите сите очекуваат нова брилјантна победа со која ќе имаат полесна задача на реваншот за повторно да се најдат на завршницата во Келн.