
Кил тргна кон Битола и соопшти: Ова ќе ни биде најдолгиот пат во сезоната!
На својата официјална фан-страница на Фејсбук, Кил објави дека екипата тргнува на „најдолгото гостинско патување оваа сезона“.
Планот им е да патуваат со авион од Кил до Ѓер, потоа со уште еден од Ѓер до Охрид, за на крај да возат со автобус преку Ресен и превојот Ѓавато, за околу час и половина да стигнат до Битола.
Таму, пак, ги чека термин за тренинг во салтаа „Боро Чурлевски“, од 18 часот, така што нема да имаат премногу време за одмор по напорното патешествие.