Кастратовиќ: Ова не е реалната слика, мора да се поправиме ако сакаме пласман во групна фаза!

Металург добро го почна мечот, па поведе со 3-1 во четвртата минута, по што домаќините успеаа да израмнат (6-6), сепак екипата од Автокоманда во 24. минута стигна до највисоките 10-7 на мечот, по што на паузата заминаа со 11-10.

По паузата, Горење направи голем притисок кон скопската екипа, па направија пресврт и стигнаа до убедливи 19-13, по што Металург се обиде да се врати во игра, но загуби со 19-24.

„Ние игравме како што се подготвивме, но направивме неколку грешки. Знаевме дека нивно најсилно оружје е 5-1 одбраната. Во второто полувреме имавме проблеми со реализацијата, но моравме да бидеме подобри кога имавме ракометар повеќе на теренот и три разлика во првите 30 минути. Во вториот дел знаеше противникот како да ги казни нашите грешки. Ова не е најдобро издание на ракометарите. Треба да се поправиме и да се обидеме да обезбедиме пласман во групната фаза. Сликата ќе беше поинаква доколку реализиравме повеќе акции. Горење ги трошеше нашите надворешни ракометари. Ние уште не сме натпреварувачка екипа, зашто учиме. Сакаме да играме ракомет, но мора да победиме ако сакаме да играме во групната фаза“, вели тренерот Зоран Кастратовиќ.