Карачиќ и натаму „вардарец“: Глава горе момци! (ФОТО)

Вардар сезонава реди порази во ракометната Лига на шампиони, а освен што тоа сериозно ги повредува навивачите на „црвено-црните“ го погодуваат Игор Карачиќ.

Хрватот иако сезонава го носи дресот на Кјелце и натаму е вистински „варцарец“ во срцето. Тој на својот „Инстаграм“ профил им даде подршка на „црвено-црните“ и ги бодреше по последниот пораз од Веспрем во Скопје.

„Кога ќе биде најтешко и најважно, тогаш ќе биде вашето време. Главата горе“, напиша Карачиќ и објави фотографија од минатата сезона, кога тимот ја освои Лигата на шампионите по втор пат во изминатите три години.