Хрватски навивачи истакнаа македонско знаме како поддршка за трагедијата во Кочани! (ФОТО)

​Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани силно одекна и во регионот од каде стигнува помош и поддршка за настраданите, а хрватските навивачи истакнаа и македонско знаме во натпреварот против Чешка

Хрватска попладнево игра против Чешка во рамките од четвртото коло во квалификациите за Европското првенство и пред почетокот на средбата домаќините не заборавија да оддадат почит на жртвите во трагедијата која е една од најголемите во историјата на Македонија.