
Хрватите го прекинаа мечот со Чешка во 37. секунда за да има минута молчење за Кочани!
Судиите на мечот заборавија дека на почетокот од мечот треба да има минута молк за настраданите во Кочани, па навивачите го иницираа тоа во 37. секунда. Играта беше во прекин една минута и со тоа Хрватите ги испочитуваа жртвите, но и цела Македонија.
Уште од почетокот на натпреварот, на една од трибините беше развеано едно македонско знаме кое остана до самиот крај.