Хансен ќе се пензионира на крај на сезоната!

Микел Хансен заедно со данскиот тим Алборг закажаа прес-конференција за среда, а се очекува на истата да биде најавен крај на кариерата на еден од најдобрите ракометари во историјата.

Данскиот ракометар во својата кариерата настапуваше за Алборг, ПСЖ, Копенхаген, Барселона и ГОГ, а три пати беше прогласен за најдобар играч во светот. Хансен исто така одигра 266 меча за Данска, а притоа постигна дури 1.350 голови за репрезентацијата.

Во кариерата освои голем број титули, меѓу кои се Европското првенство, Светското првенство, Олимписките игри и клупски пехари.