Грција ја шокира Холандија, Норвешка ја прегази Турција
Грција водеше со 10-5 во првото полувреме, но Холандија не му дозволи на ривалот да избега, па набрзо израмни на 12-12. Сепак, нашиот јужен сосед со два погодоци на полувреме стигна до 14-12.
Холандија во второто полувреме ја презема контролата во свои раце и поведе со 25-20, но Грција се разигра во завршницата и успеа да направи пресврт, но и да слави со 29-27.
Норвешка немаше милост за Турција и го доби првиот меѓусебен дуел со 43-30, а најефикасен беше Аугуст Педерсен со 10 голови.
Полска по голема драма успеа да ја совлада Австрија со 26-25, а најзаслужен за триумфот беше Миколај Чапински со осум погодоци.
Фото: Hellenic Handball Federation - ΟΧΕ