„Го чекаме Кил како фраери! Баш да видам како ќе нѐ победат во Скопје!“

Вардар и Кил играат едно од најголмите дербија во првата фаза од Лигата на шампионите, а вардарци повеќе од оптимистички го чекаат големиото противник. На прес-конференцијата пред натпреварот, Тимур Дибиров вели дека не очекува како може Кил да си замине со успех од гостувањето во Скопје.

Заменикот на капитенот, Стоилов, со натпросчена самодоверба и увереност во победа го најави мечот к ој ќе се игра в сабота од 17.30 часот. Вели дека се многу возбудени бидејќи ќе играат со Кил и дека не гледа друг епилог освен победа на Вардар.

„Многу сум среќен што конечно дојде време за еден ваков натпревар. Верувајте дека ние повеќе се плашиме кога играме со екипи на едно пониско  ниво, бидејќи има повеќе работи кои може да не функционираат, помала мотивација, недоволно самодоверба.... ама кога играме против Кил од ништо не се плашиме и едвај чекаме да играме. Баш сега да видам како Кил ќе го победи Вардар во Скопје. Расположени го чекаме натпреварот. Се може да се случи, но да го победиш Вардар среде скопје - баш сакам да видам!. Ние сме подготвени, знаеме кои сме ние, знаме кои се и тие. Знам дека ќе биде уживање за сите и за професионалците во нашиот спорт и за гледачите. Многу сме возбудени. Ова е четврто коло, но да видиме кој е кој уште сега“, рече Дибиров.

Меѓутоа, Вардар загуби од Кил во Дамам, на Супер глоуб, така што не може, а да не постои црв на сомнеж дали е способен да се реваншира сега, 50-тина дена подоцна. Вардар покажа дека тој пораз не е важен и ја отвори ЛШ со три победи од три меча, иако и сега имаше проблеми. Она што радуваше беше играта во второ полувреме која досега ги решаваше дуелите во корист на црвено-црните.

„Кога ќе почне се добро од прва минута тогаш се е јасно, но кога не е се како што треба од почеток, тогаш е малку потешко. Така беше и на почетните неколку кола, ние штом гледавме дека не оди, во второто полувреме веднаш ја поправавме играта. На Супер глоуб на пример, бевме лоши во првото полувреме и загубивме, но сега не е така. Затоа го пречекувам Кил како фраери, да видиме кој до каде е. Ако сега не го пречекаме како фраери, со две титули во три години - кога?“, се пофали Дибиров.