Ѓорче Петров го доби противникот за третото коло од Европскиот куп

Денеска во седиштето на ЕХФ во Виена беше извршена ждрепката за двојките од третото коло во Европскиот клуб, македонскиот тим Ѓорче Петров доби противник од Белгија.

Македонскиот шампион во женска конкуренција, Ѓорче Петров го доби белгискиот тим Ојпен за противник во следното коло од Европскиот куп.

Ѓорче Петров во првиот меч ќе биде гостин, тој дуел ќе се игра на 11 или 12 ноември, реваншот е во Скопје седум дена подоцна.

Македонскиот тим во третото коло стигна со две убедливи победи над Тиват.