Прилеп и Победа се простија од најверниот навивач - немаше игла кај да се фрли на стадионот! (ФОТО)

Фудбалерите на Победа денеска триумфираа против Големо Коњари со убедливи 6-0, а Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп повторно беше исполнет од навивачите.

Натпреварот донесе многу емоции и одлична атмосфера, а фудбалерите добија огромна поддршка од трибините за на крајот да им возвратат со триумф.

Публиката во Прилеп денеска ја покажа и својата хуманост со донации за навивачот Кире Иваноски – Балче, кој почина на 70-годишна возраст по долго боледување.

Балче редовно беше присутен на трибините на натпреварите на Победа, а посебно ќе се памети по неговата порака пред неколку месеци кога кажа дека ќе се самозапали доколку згасне клубот.

Фото: Facebook/ГФК Победа