Крива Паланка ја запре доминацијата на Баскет Кам во Суперкупот и го освои првиот пехар!

Кошаркарите на Крива Паланка успеаја вечерва да слават против Баскет Кам со 63-51 и да го освојат првиот трофеј во Суперкупот „Драган Василов Цевка“.

Првата четвртина ја одбележа израмнета игра на двете екипи, а Крива Паланка имаше водство од 15-14, по што ја презема контролата и до паузата стигна до убедливи 37-23.

Баскет Кам не најде начин да му парира на актуелниот шампион, па Крива Паланка до крајот на средбата го чуваше водството и славеше со 63-51.

Најефикасна во победничката екипа беше Гордон со 23 поени, осум скокови и четири асистенции додека Адамовска запиша 21 поен и девет скокови за Баскет Кам.

Со оваа победа Крива Паланка доаѓа до првиот пехар во Суперкупот, а воедно ја запре доминацијата на Баскет Кам, кој претходно четири години по ред славеше во натпреварувањето.

Фото: Facebook/КК Крива Паланка