Вардар го распадна Охрид и покажа дека е главен фаворит за титулата! (ФОТО)

Македонскиот ракометен шампион Вардар продолжи со доминацијата во домашното првенство, откако вечерва го декласира Охрид со 27-18 во петтото коло од Суперлигата.

„Црвено-црните“ ја покажаа својата моќ уште во првите 30 минути кога му дозволија на ривалот да постигне само шест голови. Вардар играше цврсто во одбраната, но и нападот функционираше одлично, па така на полувреме замина со 14-6.

Охрид во вториот дел беше поефикасен во нападот за разлика од првиот дел, но недоволно за да му парира на македонскиот шампион, кој продолжи да ја зголемува предноста и да слави со 27-18.

Најефикасни кај Вардар беа Фадуил, Абделах и Љевар со по пет голопи, додека Јошида запиша четири погодоци за Охрид.