ЕХФ: Пресвртот има име, а тоа е Никола Митревски! (ВИДЕО)

Европската куќа на ракометот му се поклони вечерва на македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, кој беше еден од клучните во џиновскиот пресврт на Порто, кој го победи Целје и покрај негативата од девет гола, на крајот со 30-29.

„Пресвртот има име, а тоа е Никола Митревски“, објави ЕХФ постирајќи две клучни одбрани на македонскиот голман од четирите што ги собра за 15 минути игра, кога Порто направи џиновска серија од 10-1 за да поведе, а на крај и да победи.