ЕХФ: На ЕП може да играат ракометари со вакцина или прележана корона!

Европската ракометна федереција (ЕХФ) преку својата официјална веб-страна го потврди протоколот за настап на Европското првенство (ЕП), кое ќе се одржи во јануари во Словачка и Унгарија.

Македонската ракометна репрезентација ќе настапи на првенството во јануари, а сега ги дозна правилата кои ќе важат за време на големиот настан.

ЕХФ реши на ЕП да настапат само ракометари кои веќе се вакцинирани против ковид-19 или играчи кои го прележале коронавирусот во претходниот период. Исто така, учесниците нема да бидат во „балон“ како што беше тоа случај на женското ЕП 2020 во Данска, туку тие ќе можат да ги напуштаат хотелите.

Во исто време се препорачува носење на ФФП2 маска, но и избегнување на контакти колку што е можно повеќе за да не се прошири вирусот на шампионатот.

Доколку некој ракометар се зарази со вирусот, тогаш тој мора да оди во изолација, како и цела останата делегација, по што ќе се прават ПЦР-тестови, а доколку бидат негативни, репрезентацијата може да продолжи со натпреварувањето.

Турнирот ќе се одржи од 13 до 30 јануари, а Македонија се наоѓа во групата која се игра во Дебрецин заедно со Словенија, Црна Гора и Данска.