ЕХФ ја потврди одлуката: Вардар избркан од ЛШ поради долговите на стариот газда!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го потврди тоа што се шпекулираше во претходните денови и го исфрли Вардар 1961 од Лигата на шампиони (ЛШ) поради долговите на претходникот пред додавката во името, кој беше предводен од сосема друга раководна структура.

ЕХФ не му издаде дозвола на Вардар за учество во елитното натпреварување со објаснување дека веќе две години се труделе да го решат проблемот со неисплатените плати кон поранешните ракометари, но истиот не бил надминат.

„За да се расчистат долговите со Вардар, имаше комуникација од страна на ЕХФ. За жал, претставниците на клубот не ги испочитуваа датумите и поставија стратегија за одложување. Плаќањата беа извршени делумно, а беа преземени неколку обиди истите да бидат одложени за следната сезона. Извршниот комитет на состанокот реши дека Вардар не го испочитувал договорот и не ги завршил плаќаата навремено, па така не ги исполнува критериумите за нстап во Европските купови за сезоната 2022/23“, соопштија од ЕХФ.

„Црвено-црните“ досега двапати ја освоија ЛШ, и тоа во 2017 и 2019 година.