ЕХФ ги суспендира Начевски и Николов - наводно го лажирале фитнес тестот!
ЕХФ соопшти дека за време на подготовките за ЕП, сите судиски двојки мора да ги исполнат барањата и да поминат фитнес тест. Начевски и Николов се обвинети од Куќата на ракометот дека наводно го лажирале фитнес тестот и поради тоа се суспендирани од претстојното ЕП.
„Овој процес е осмислен со цел да се обезбеди физичката подготвеност на судиите и нивната усогласеност со перформансните стандарди на турнирот.
Тој вклучува доставување на две видео-снимки од т.н. „Мултистејџ фитнес тест“ – едната направена осум недели, а другата четири недели пред почетокот на ЕХФ ЕУРО. Снимките ги оценува фитнес-партнерот на ЕХФ, компанијата Fitgood Pro.
По доставувањето на видеата од страна на Николов и Начевски, Европската ракометна федерација кон крајот на декември беше известена дека поднесените снимки можеби биле изменети и дека не претставуваат веродостоен и целосен запис од тестот.
Поради тоа, ЕХФ го подложи материјалот на дополнителна анализа од експертите на „Фитгуд Про“, а снимките беа предадени и на интегритетниот партнер на федерацијата“, објавија од ЕХФ.
Европската куќа на ракометот, исто така, најави дополнителна истрага и ќе објави дополнителни детали.