Е. Работник машки се држеше, но загуби во Хановер

Еурофарм работник имаше достоинствено деби во групниот сегмент од ЕХФ-купот, губејќи за нијанса во дуелот со фаворитот во групата, бундеслигашот Хановер.

Хановер го совлада битолскиот тим со 24-21, но во ниеден момент не беше супериорен, напротив, до последната минута трепереше за победата. Драмата созреа во 53. минута, кога Е: Работник дојде на 22-21, првпат на минус еден во второто полувреме.

Чаневски на голот ги спречи Германците да се одлепат побргу, но на другата страна одличен беше и Лесјак, спречувајќи седмерец на Џукиќ и зицер на Кузмановски, при резултат 21-23.

Второто полувреме беше целосна спротивност на првото, бидејќи заврши со 8-7, што претставува точно половина од резултатот во првиот полчас. Тогаш се играше подинамично, по вкус на поквалитетниот бундеслигаш, но и македонскиот тим следеше. Во 15. минута изедначи на 8-8, а потоа се држеше на два разлика до паузата.

Граѓан беше најуспешен меѓу стрелците, со шест гола, по четири постигнаа Остроушко и Кузмановски. Ова беше втор натпревар во групата на Е. Работнк, во првиот Нексе ја совлада Татабања на гости со 28-27. Следниот натпревар на битолчани ќе биде токму против унгарскиот тим, во нивната сала „Боро Чурлевски“, на 17 февруари.