Два гола на Лазаров против Чеховски Медведи за трет триумф за Нант

Нант го запиша третиот триумф во Европската лига, откако денеска славеше на гостувањето кај Чеховски Медведи со 35-31.

Францускиот тим го имаше водството од самиот почеток на натпреварот, па на средина на полувремето водеше со 13-9, а во завршницата поведе и со шест гола разлика (19-13).

Меѓутоа, домаќините се разбудија во второто полувреме и намалија на само два гола (20-22), но потоа Нант влезе во нова серија и на 10 минути пред крајот го реши дуелот затоа што стигна до убедливи 32-25).

До самиот крај Нант играше сигурно и не му дозволи на Чеховски Медведи да направи никаква сензација, па така гостите триумфираа со 35-31

Најдобар кај Нант беше Валеро Ривера со шест голови, додека Кире Лазаров постигна два погодоци. На спротивната страна Кирил стрелаше шест пати и беше најефикасен за неговиот тим.