Драма во Франција: Висла по пенали го освои Нант за четврт-финале во ЛШ (ВИДЕО)

Ракометарите на Висла Плок станаа 49-иот тим во историјата кој се пласирал во четврт-финалето од Лигата на шампионите (ЛШ), откако вечерва по голема драма славеа во пенал-рулетот на гостински терен против Нант (30-29).

Првиот меч во Полска заврши со резултат 32-32, а вечерашната средба во Франција во регуларниот дел заврши со резултат 25-25. Полјаците не промашија од линијата за седум метри, додека домаќинот еднаш не беше успешен, за огромна радост кај ракометарите на гостинската екипа. Тие можеа и во регуларниот дел да ја завршат работата со оглед што во последната минута влегоа со плус два (25-23), но на крајот примија погодок во последните секунди за изедначување.

Висла во четвртфиналето за противник ќе го има германскиот Магдебург. Во вториот денешен натпревар Динамо Букурешт со гостинска победа над Кил (32-31) се збогуваше од годинашното издание на Лигата на шампионите. Во преостанатите два натпревари од оваа рунда утре се среќаваат Веспрем – Пик Сегед и Гог Алборг.