Добра вест за црвено-црните: Скубе наместо да замине во ПСЖ ќе остане во - Вардар!

Еден од најзаслужните за втората европска титула на македонскиот ракометен шампион Вардар, Сташ Скубе, речиси сигурно ќе остане во Вардар и во следната сезона, иако веќе имаше завршена работа околу трансфер во големиот ПСЖ.

Претходно, тој беше поврзуван и со Кјелце, но ниту тоа не беше реална комбинација. Ова е добра вест за црвено-црни навивачи со оглед на одличните игри на Словенецот во минатата сезона, кои гарантираат дека ќе продолжи да биде еден од лидерите и на новиот Вардар.

„Работата со ПСЖ беше речиси завршена, но во последен момент излезе проблем кој не би сакал да го коментирам. Згора на тоа, ситуацијата во Вардар сега е добра и доколку остане така, се гледам во Скопје уште долго време“, вели 29-годишниот ракометар.

Скубе пред почеткот на минатата сезона дојде во таборот на вардарци и тоа како замена за Лука Циндриќ, кој се пресели во Кјелце.