Димитриоски избран во тимот на колото во АСОБАЛ-лигата (ВИДЕО)

Македонскиот ракометар Димитар Димитриоски продолжува со добрите настапи во дресот на Валјадолид, а тоа му помогна да се најде во тимот на колото во АСОБАЛ-лигата.

Поранешниот играч на Вардар постигна шест голови против Пуерто Сагутно и тоа беше доволно за да биде избран меѓу најдобрите во колото.

Во најдобриот тим за оваа рунда беа избрани и Мем, Де Варгас, Кордиес, Нието, Бенитес и Варела.