ЦСКА Москва со 52 гола ја прегази Звезда Звенигород, три погодоци за Ристовска

Женската екипа на ЦСКА Москва го декласира Звенигород со убедливи 52-37 за 13. победа во домашниот шампионат со која ја потврди доминацијата во руската Суперлига.

Македонската репрезентативка Сара Ристовска учествуваше во победата на ЦСКА Москва со три погодоци од четири обиди кон голот на Звезда.

Екипата на Ристовска има 26 бодови по 13 одиграни натпревари, по што следи Ростов со 10 победи, односно 20 бода.