Борозан се врати, Вардар со сите сили ќе брка четвртфинале во ЛШ

Вардар вечерва гостува кај екипата на Загреб во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони, а двете екипи многу добро се познаваат, зашто имаа неколку пресметки и во СЕХА-лигата сезонава.

Црвено-црните вечерва ќе добијат засилување бидејќи во екипата се враќа Вуко Борозан, кој беше повреден и ги пропушти претходните дуели на Вардар, додека Владо Недановски и Сергеј Горбок нема да бидат достапни за денешниот меч.

Мечот меѓу старите ривали Загреб и Вардар се игра вечерва со почеток од 20.30 часот.