Битолчани декласирани: Татабања го совлада Еурофарм Работник!

Татабања успеа да слави во второто коло од групната фаза против Еурофарм Работник со убедиви 31-21, па така Битолчани го запишаа вториот пораз во ЕХФ-купот.

Татабања тргна фантастично во мечот, па од самиот почеток имаше предност против Еурофарм, која стигна и до четири гола (11-7), но Битолчани на полувреме заминаа со негатива 11-14.

Во второто полувреме Татабања отвори одлично, па со серија од неколку голови стигна до 19-12, а како минуваше времето, така и предноста растеше до максимални и конечни 31-21.

Најдобар стрелец кај Еурофарм беше Остроушко со девет погодоци, а кај Татабања дури четворица играчи постигнаа по пет гола, а тоа беа Вујовиќ, Јухаж, Роста и Григораш.